Изгледот на ноктите е многу важен и често е огледало на тоа како се грижите за себе и колку ви е важно разубавувањето и негуваниот изглед.
Во продолжение потсетете се на неколку практични трикови кои можеби веќе ги знаете, но никогаш не е лошо да си ги повторите, за да можете да ги применувате секојдневно.
1. Не ги сечете ноктите со ноктарица
Ноктариците се прегруби за ноктите на рацете. Наместо тоа, користете ножички за скратување на ноктите. Со ова ќе ја намалите нивната кршливост и пукањето на ноктите. Приборот за нокти не го делете со никого.
2. Не ги сечете заноктиците
Заноктиците го штитат ноктот од навлегување на нечистотии, бактерии и габички во самиот корен на ноктот. Наместо тоа, малку поттурнете ги и ноктите ќе изгледаат поубаво и подолго.
3. Негувајте ги редовно
Вазелинот е одличен за нега на ноктите и заноктиците. Тој ги омекнува и потхранува, но и спречува кожата на рацете да се суши. Изберете маслен ваелин и нанесете богато пред спиењето.
4. Турпирајте ги во една насока
Кога ја применувате турпијата, правете го тоа само во една насока, неагресивно, за да спречите пукање, кршење и оштетување на ноктите.
5. Правете маска за раце и нокти
Чистете ги ноктите со помош на паста направена од сода бикарбона и неколку капки сок од лимон. На овој начин ќе ги отстраните дамките, но и ќе ги дезинфицирате од евентуални бактерии и габички.