Како навиката го уби лидерот на Ал Каеда

од Stefanija Kuzmanovska
390 прегледи

Една од најстарите грешки што ги направи убиениот лидер на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, беше тоа што тој разви навика.

Водачот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, стекнал навика да седи на балконот на една куќа во Шерпур, дипломатска енклава во Кабул. Посебно сакал да излегува на балкон по утринската молитва, за да може да го гледа сонцето како изгрева над главниот град на Авганистан. Според еден американски функционер, таквото редовно однесување им овозможило на разузнавачките агенти, веројатно ЦИА, да го составот она што тие го нарекоа „начин на живот“ на целта.

Тоа им овозможи да извршат, како што го нарече Белата куќа „прилагоден воздушен напад“, кој вклучуваше две ракети „Хелфајр“ истрелани од беспилотно летало за кои се вели дека го погодиле балконот каде што седел Ал Завахири.

Мисијата за пронаоѓање на водачот на Ал Каеда беше започната, рекоа американските официјални лица, пренесува РТС, на почетокот на април кога разузнавачките извори „фатиле сигнали“ дека Ал Завахири и неговото семејство ги напуштиле своите скривалишта на планина и се преселиле во Кабул.

Откако Талибанците се вратија на власт во Авганистан минатиот август и со поддршка на мрежата на талибанците Хакани, Ал Завахири и неговата сопруга, заедно со нивната ќерка и внуци, се преселиле во куќа во Шерпур.

Американските власти се обидоа да нагласат дека по инструкции на претседателот Џозеф Бајден, мисијата била извршена внимателно и прецизно со цел да се избегнат цивилни жртви. Исто така, објавено е дека во нападот никој друг не бил убиен освен Ал Завахири.

Слични содржини