561
Ирина Шајк важи за еден од најатрактивните модели на денешницата. 35-годишната руска убавица изгледа подобро од било кога, што може да се види на новите фотографии кои деновиве кружат во јавноста.
Имено, Ирина напорно работи на Ибица и ужива во тоа истовремено. Таа беше видена на плажа во машко друштво, меѓу кои е креативниот директор на „Барбери“ и нејзин пријател Рикардо Тиши.
Сите беа воодушевени од нејзиниот изглед. Шејк покажа неверојатна фигура во минијатурен костим за капење.
Моделот е активен на социјалните мрежи и често објавува провокативни фотографии. Но сега конечно е откриено како изгледа телото на волшебната убавица во живо, без фотошоп.