Жозе Мурињо пристигна во Рим во попладневните часови, каде треба да остане во следните три години водејќи го фудбалскиот тим на Рома. Португалскиот тренер беше потврден за главен тренер на Рома на почетокот на мај, а неговото враќање во Рим значеше преземање на тим од Италија за прв пат по 11 години, откако го напушти Интер со кого ги освои Лигата на шампионите, Купот на Италија и Калчото.
Тој веднаш започна да гради добри односи со навивачите на клубот што го презеде, па во изјавата за преземањето на Рома ја пофали нивната страст, но исто така откри дека ја познава локалната култура и клупскиот идентитет.
Навивачите го препознаа ова и веќе на првиот ден од неговото пристигнување му дадоа поддршка со собирање на аеродромот каде слета авионот со кој пристигна Мурињо.
📸 The wait is almost over. 🔜
#ASRoma pic.twitter.com/hzOhH6Ty5W— AS Roma English (@ASRomaEN) July 2, 2021
Италијанските медиуми наведуваат дека имало околу 500 навивачи кои виореја знамиња, носеа транспаренти и со песна го поздравија новиот тренер на нивниот клуб.