Фудбалерот Жерар Пике и пејачката Шакира минатата година објавија дека се разделуваат по 12 години врска.
Како главна причина се наведуваше неверството на фудбалерот, а тој набрзо почна да се појавува со својата нова избраничка Клара Чија Марти.
Двајцата беа осудени од многу луѓе, а Шакира набрзо ја сними песната „Music Sessions Vol.53“ во која ги осуди Пике, неговата девојка и неговата мајка.
Пике сега зборуваше во подкаст за тоа што мисли за Шакира и нејзината песна.
„Денес е многу модерно да се напаѓа човек, но не размислуваме за последиците што може да ги има на ментално ниво за личноста кон која е насочено. Излегува одлично за една личност, но не размислуваме за другата личност потоа“, рече Пике и додаде:
„Што мора да се случи? Можеби некој ќе се самоубие, а ние ќе кажеме: Ох, отидовме предалеку. Многу сум разочаран од општеството“.
Со ова тој ги критикуваше сите обожаватели на Шакира, но и луѓето кои застанаа на нејзината страна.
Потоа се осврна на нејзината песна во која таа го прозва.
„Не знаете што добивав од нејзините обожаватели. Не ми е гајле бидејќи тоа се луѓе кои воопшто не ги познавам. Не знам, можеби немаат живот. Каква важност треба да им дадете? Нивната важност е нула. Никогаш во животот нема да ги сретнете, тие се како роботи“, заклучил фудбалерот.
Меѓутоа, тоа само предизвика уште поголем гнев кај луѓето кои му порачале дека и тој „мора да размисли какви последици ќе има врз психичкото и физичкото здравје на мајката на неговите деца неговото неверство и предавството на човекот со кој поминала 12 години“.
„Како не ти е срам“, „На негово место јас би молчел“, „Класичен манипулатор“, се само дел од коментарите на ова гостување.