Како никогаш претходно: Ѓоковиќ и Рубљев се кршеа со јајца кој прв ќе сервира (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
323 прегледи

Новак Ѓоковиќ се бори за првата титула сезонава во Белград, а мечот имаше несекојдневна увертира.

Како никогаш досега, одлучено е кој прв ќе сервира на еден тениски меч.

Новак и Рубљев го замениле традиционалното фрлање паричка со кршење со јајца, според традиционалниот обичај на најголемиот христијански празник, па така било одлучено кој прв ќе сервира.

Рускиот тенисер го скршил јајцето на Ѓоковиќ и со тоа имал прв право на избор, па избрал српскиот тенисер прв да сервира.

Трибините на теренот на Дорчол се преполни, а меѓу 8.500 навивачи е и еден посебен гледач, поранешниот тренер на Ѓоковиќ, Марјан Вајда.

Слични содржини