Како пиењето кафе на топло време влијае на нашето тело

од Stefanija Kuzmanovska
507 прегледи

Тропските денови се пред нас, поради што треба дополнително да внимаваме на несаканите здравствени последици.

Ниту оние кои немаат здравствени проблеми и се придржуваат до здрави животни навики не се имуни на опасностите од пеколните горештини.

Покрај тоа што треба да се заштитите од сонце, да носите лесна облека и да пиете доволно течности, постои и правило за омилениот пијалок на многумина.

„Кафето во текот на летото лесно може да не излаже“, посочува д-р Иван Горник за jutarnji.hr, бидејќи доведува до намалена хидратација, но има начин да се пие и во топлите денови.

„Кафето води до намалена хидратација, но можеме да си дозволиме две до три шолји или една голема, под услов да додадеме многу вода. Знаеме дека кафето е диуретик, па поради тоа губиме течност од телото, а мокрењето предизвикано од кафето може да не натера да мислиме дека имаме доволно течност, дури и кога немаме“, вели д-р Горник.

Кога пиете кафе, подобро би било да избегнувате кафе со вкусови и разни адитиви, сирупи, шеќери и засладувачи. Најдобра опција би било да пиете кафе дома и да го направите домашно кафе или еспресо, без никакви додатоци или шеќер.

Најважно е да не се претера со количината на кафе консумирано во текот на денот и како што вели докторот – сосема се доволни две до три мали кафиња.

Слични содржини