Како потона бродот на Линч? „Јахтата на британскиот милионерот важеше за една од најбезбедните“

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Пловилата како потонатата јахта во која загина британскиот милионер Мајк Линч се направени така да бидат „непотопливи“, изјави Џовани Костантино, извршниот директор на компанијата „Italian Sea Group“, која произведува и продава јахти.

Костантино изјави за „Скај њуз“ дека нема никакви недостатоци во дизајнот и конструкцијата на јахтата што се преврте во бура кај брегот на Портчело на Сицилија во понеделникот и дека таа е „најбезбеден брод“.

„Едрилиците се познати како најбезбедни бродови, бидејќи нивната структура ги прави непотопливи тела. Овој инцидент звучи како неверојатна приказна“, рече Константино.
Италијанските обвинители кои го истражуваат инцидентот продолжуваат со разговори со преживеаните.

Во вторникот тие го испрашувале капетанот повеќе од два часа за да откријат што се случило. На јахтата што потона имало 22 лица, од кои 15 биле спасени, меѓу кои и Британката Шарлот Голунски и нејзината едногодишна ќерка Софија, како и сопругата на Линч, Анџела Бакарес.

Утрово беше објавено дека телото на Линч е извлечено од потонатиот брод на јахтата и засега се води како исчезнато уште едно лице – ќерката на Линч – Хана (18).

Телата на другите четири лица кои исчезнаа при потонувањето на едрилицата беа пронајдени вчера.

Слични содржини