Како пропадна славниот актер Чарли Шин?

од Nikola Popovski

И покрај фактот дека тој беше најплатениот ТВ актер во 2014 година, Шин јавно призна дека потрошил цело богатство во износ од 150 милиони долари.

Поминаа повеќе од 30 години откако Чарли Шин ја освои публиката со филмот „Прва лига“, а тој филм беше причина тој повторно да се сретне со неговиот колега Боб Укер на настан во Калифорнија пред неколку дена.

Двајцата го коментирале бејзболот и нивната глума, а фотографите го снимиле секој момент. Многумина се согласија дека Шин изгледа измачено и уморно, далеку од она по што е запаметен, но се согласуваат дека славниот актер сепак е подобро расположен отколку што беше во последните месеци.

Чарли Шин денес е познат како еден од најконтроверзните актери.

И покрај тоа што беше најплатен ТВ-актер во 2014 година, Шин јавно призна дека потрошил богатство од 150 милиони долари и скоро завршил на улица како бездомник додека се борел со бројни долгови.

Неговата најзабележителна улога во кариерата е секако улогата на Чарли Харпер во серијата „Два и пол мажи“, во која заработи 1,8 милиони долари за само една епизода.

Покрај тоа, тој заработи дополнителни пари снимајќи реклами, филмов и работејќи на неколку телевизиски проекти.

Благодарение на тоа, на неговата банкарска сметка имаше 150 милиони долари, а во витрините беа изложени и неколку престижни награди како „Златен глобус“ и „Еми“.

На самиот врв на неговата кариера за Чарли, сè отиде надолу. Почна да се однесува несоодветно и не помина многу време, кога почнаа да се поврзува со зависности од дрога и алкохол. На сето тоа влијаеше неговото признание дека страда од ХИВ-вирусот. Потоа почна да губи улоги и беше исфрлен од серијата во која го толкуваше главниот лик.

Шин стоеше трипати пред олтарот и беше во врска со многу славни дами. Тој во последниве години честопати велеше дека е свесен за сите свои грешки, а работи на врска со сите свои деца и се надева дека еден ден ќе има сила да му прости.

Слични содржини