Правилно нанесена пудра, избрана соодветно на типот на кожата, гарантира постојано изедначен тен, без видливи неправилности на лицето. Но, често не успеваме да ја задржиме толку колку што треба.
Еве кои се најчестите грешки и задолжителните чекори, за пудрата да не се „стопи“ на вашето лице:
Чиста и хидрирана кожа
За да ви трае пудрата цел ден, најпрво треба убаво да го исчистите лицето со соодветен гел за миење и тоник, па да го хидрирате. Овој чекор е задолжителен и многу важен и ќе ве спаси од тоа да изгледате како порцеланска кукла.
Подлога/прајмер
На исчистената и хидрирана кожа нанесете подлога за шминка, која ги изедначува неправилностите. Изберете го прајмерот соодветно на вашиот тип на кожа.
Соодветна четка
Вистина е дека прстите не впиваат пудра, но за да бидете сигурни дека правилно е нанесена, користете соодветна четка и секако, не мачкајте, туку тапкајте на лицето, за да го изедначите тенот. Не ставајте голема количина наеднаш, туку доставајте по потреба.
Соодветна пудра
Најважно е да одберете производ кој е наменет за вашиот тип на лице. Пудра се купува на дневна светлина, се тестира на виличната коска под образите. Ако имате масна кожа избирате матирачка пудра, а ако имате сува кожа, избирате побогата и помасна пудра.
Фиксатор
Фиксаторот може да биде во спреј или во прав. Ако ви треба шминката да не се помрдне подолг период, тогаш ова е задолжителен чекор. Совет: Не фиксирајте со лак за коса, иако е евтина варијанта. Тој е преполн со хемикалии кои се штетни за вас.
Што да направите ако лицето засјае?
Ако сепак се случи вашето лице неприродно да почне да сјае поради мастење, имате повеќе решенија. Најпрво, со хартиено марамче впијте го вишокот на растопена пудра и маснотија. Потоа, нанесете матирачка пудра во прав во сосема мала количина.