Познати личности реагираа со мешавина од шок и одвратност, откако станаа јасни резултатите од претседателските избори – Доналд Трамп е 45-от претседател на САД, објави “Мирор”.

Пејачката Шер напиша дека “Светот никогаш нема да биде ист”, по победата на Трамп.
Леди Гага повика на надеж, пишувајќи “Кажи си молитвата, Америка”.
Британката Лили Ален ја советува Канада дека е подобро да изгради ѕид. Креаторот на серијата “Семејниот тип” Сет МакФарлејн напиша: “Навистина не можам да замислам немерено, неконзистентно суштество, на кое станав сведок при дебатите, да се свртува кон нацијата од Овалната соба”.
“Позитивниот елемент од сето тоа е дека може да престане да се преправаме дека сме слободни од расизам и сексизам. Прашањето е, што ќе правиме сега?”, изјави актерката Џесика Частејн.
Кели Кларксон изрази страв, велејќи “Никогаш не сум била нервозна и исплашена во животот”.
Кејти Пери откри дека иако таа ја поддржуваше жестоко Хилари Клинтон, нејзините родители гласале за Трамп. Таа додаде и дека и покрај тоа, тие повторно ќе седнат на една маса за Денот на благодарноста.