Како рециклирањето придонесува за економијата?

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Индустријата за рециклирање влијае на локалната и на светска економија. Кај нас скоро и да не се применува и малку имаме сознанија за обемот, значењето и влијание на рециклирањето врз целокупната економија.

Како брзоразстечка индустрија во многу делови на светот, може да доведе до многу еколошки и економски придобивки. Шведска рециклира скоро 100% од својот отпад, Холандија, Швајцарија и Австрија, исто така, се на високи позиции со рециклирање на околу 50% од нивниот отпад, а САД остава многу простор за подобрување кога станува збор за рециклирање. Причини за сè поголемата примена на рециклирањето, е влијание врз целокупната економија и ефектите од тоа. Така, предностите од рециклирањето главно се сведуваат на 4 основни но економски оправдани карактеристики.

Создава работни места

Рециклирањето создава повеќе работни места на повисоки нивоа на приходи отколку депонирање или согорување отпад. Согорувањето на 10 000 тони отпад создава 1 работно место, а депонирањето на иста количина отпад на депонија создава 6 работни места. Додека пак со рециклирање на истите 10 000 тони се создаваат 36 работни места! Со рециклирање во државата Калифорнија се создадени 1,1 милиони работни места, 236 милијарди долари бруто годишна продажба и 37 милијарди долари на годишен платен список. Со исполнување на државната цел за рециклирање од 50%, сега очекува да создаде околу 45 000 работни места за рециклирање, во споредба со 20 000 нови работни места што треба да се создадат за производствениот сектор.

Се намалува отпадот на депониите

Процесот на вадење суровини може да генерира многу загадување. Бидејќи повеќе рециклирање значи помалку екстракција, тоа значи и помало загадување. Уште подобро, кога рециклираме повеќе, испраќаме помалку материјал на депониите. Распаѓањето на материјалот на депониите често испушта метан 30 пати поштетен од јаглерод диоксидот, па што помалку од ваквите емисии, толку подобро!

Заштеда на електрична енергија

Рециклирањето заштедува многу енергија. Секоја година, машините за рециклирање низ целата земја заштедуваат иста количина енергија што би била потребна за напојување на 14 милиони домови за цела година. Тоа е еквивалентно на исклучување на струјата за еден од секои 10 домови за цела година.

Зачувување на природните ресурси

Рециклирањето ја намалува потребата за нови суровини а вадењето суровини е скапо. Исто така, троши многу вода и енергија. Кога се рециклира и се дава живот на нови производи, помалку ресурси се ископуваат, што заштедува многу од скапоценостите на планетата како што се природните ресурси, вклучувајќи дрвја, вода, минерали и метали. Колку повеќе рециклираме, толку повеќе ги штитиме нашите ресурси!

Производите што ги купуваме и пакувањата не се без вредност по употребата – тие се ресурси – од кои многу може да се користат или да се рециклираат. Со донесување мерки кои го поддржуваат развојот на робусни програми за рециклирање, државните и локалните власти ги зајакнуваат локалните и регионалните економии, зачувуваат ресурси и ја поддржуваат заштитата на животната средина.

Слични содржини