На социјалните мрежи осамна фотографија од тоа како „се почитуваат“ социјалната дистанца и протоколите во автобусите на ЈСП Скопје. Според објавеното, станува збор за автобус со број 24.
„Дистанца – слабо! Но не се луѓето виновни кога немаат избор, нема почест возен ред за да се распределат, а нема ни понуда на друг превоз како алтернатива! Замислете Министерство за здравство да поддржи обележување на брзи велосипедски ленти спроведени во мрежа од 200-500 метри на секоја улица каде што има услови, за велосипедските врски да бидат достапни на разумно растојание до сечиј дом и работно место“, стои во објавата на Фејсбук страницата „На точак“.
„Ова може да се реши единствено со купување на голема флота на автобуси, кој ке може да вртат на кратки интервали. Неможе со 30-тина нови автобуси, туку да се дуплира флотата!“ гласи еден од коментарите.