Како секојдневното користење парфем ѝ штети на вашата кожа?

од Elena Daskalova
378 прегледи

Сите сакаме да мирисаме убаво и тоа го постигнуваме со помош на разни парфеми, лосиони за тело, мирисни спрејови и тоалетни води. Но, помислувате ли што ѝ се случува притоа на вашата кожа?

Парфемите, во основа, содржат голема количина на алкохол, за да може да се задржи постојаноста на мирисните масла. Алкохолот, како што е познато, ја суши кожата и воопшто не е препорачлив за вашите дневни рутини за нега.

Но, дали тоа значи дека треба да престанете да користите парфеми? Секако дека не, но не го правете тоа секој ден.

Кога надвор е многу сончево, реакцијата помеѓу УВ-зраците, алкохолот и парфемските масла може да предизвика предвремена појава на брчки на вратот и деколтето.

Дерматолозите советуваат местото каде нанесувате парфем да го намачкате најпрво со проѕирен вазелин без мирис, за да го намалите штетното дејство.

Слични содржини