Лубеницата е омилено уживање, особено во лето, кога температурите се високи и барате малку ладење. Меѓутоа, ако имате навика често да купувате, треба да имате предвид дека семките кои многумина ги отстрануваат и ги фрлаат се исто така многу здрави.
Со цел да се користат сите лековити својства, семките треба да се зготват, сомелат или испечат.
Диетални влакна
Семките од лубеница содржат диетални влакна неопходни за нормално функционирање на дигестивниот тракт, помагаат во случај на цревни паразити, како и при третман на пациенти со жолтица и воспаленија во организмот.
Семките од лубеница содржат супстанција цитрулин, која делува како антиоксиданс, го забрзува проширувањето на крвните садови и има корисен ефект во случај на атеросклероза, хипертензија, ангина пекторис и еректилна дисфункција кај мажите.
Исто така го зајакнуваат срцето, но и сите мускули во телото. Употребата на овие семки, било во форма на чај или грицки, се препорачува за зајакнување на меморијата и концентрацијата, но и за сјај, затегнатост и убавина на кожата, и тие се одлична алатка како и самата лубеница за зајакнување на либидото и потенција кај мажите.
Прочистување на бубрезите
Чајот од семки од лубеница е еден од најдобрите лекови за прочистување на бубрезите и мочниот меур. Ги отстранува камењата и песокот од бубрезите, го чисти мочниот меур и уринарниот тракт, а исто така се препорачува за дијабетичари како ефикасно средство за лекување на дијабетес тип 2.