Како силата на религијата го врти светот?

од desk3
150 прегледи

“Наука и религија не можат да живеат во мир. Науката прифаќа само емпириски, математички или логички потврдени вистини. Религијата се базира на една книга од пред 2000 години”, вели математичарот Одифреди. Според некои научници токму науката е денешната вистинска религија, додека старата религија е само збир од суеверија. Многу луѓе дури одат подалеку и ја сметаат религијата за една голема конспирација.Ете што вели Томас Пејн: “Христијанската религија е пародија на култот кон Сонцето, која става маж наречен Христос, на местото на Сонцето и му се поклонува, како првичното обожавање на сонцето … ”

20160512.kawwiznlez

Од античките времиња човекот го обожавал на сонцето, бидејќи е главната движечка сила на светот. Најстарите цртежи на култот на сонцето датираат од пред 15 000 години. Луѓето ја разбирале моќта на сонцето, бидејќи тоа им дава светилна и топлина. Тие знаеле дека без него нема да има жетва и светот не би преживеал. Тоа го прави сонцето најрелигискиот објект за сите времиња.

Големо значење за древните народи имале и ѕвездите. Тие служеле за ориентација и движење на астрономските настани. Древните цивилизации им дале имиња на збир од ѕвезди, познати денес како соѕвездија.

Ракети, тенкови, авиони: Врие Црното Море – воени вежби на Русија и САД

Така се родила една од најстарите концептуални слики, познати на човештвото – Зодијакот. Тој го отсликува сонцето и неговото движење во 12-те најважни соѕвездија. Древните народи не само што ги следеле ѕвездите и сонцето, туку и ги персонификацирале, создале митови за нивните односи. Сонцето со своите животодарувачки способности, е олицетворение на невидливиот творец-син на бог, светлината на светот, спасител на човештвото. Соѕвездијата се местата во кои патува Синот Божји во текот на годината.

Најстарите приказни за бог, познати и денес, се за египетскиот бог Хорус. За него има многу митови, тесно поврзани со движењето на сонцето.

Роден е на 25 декември по непорочно зачнување, раѓање му било придружено од светла ѕвезда на Исток, каде што се родил, а три кралеви му поднеле подароци. Тој станува учител на 12 годишна возраст, на 30 е крстен и така започнува неговата служба. Со него патувале 12 ученици, правел чуда, лекувал болне и да оди по вода. Откако е предаден од еден од своите ученици, е распнат на крст. Три дена по смртта воскреснува.

Звучи ли познато оваа приказна? Сличностите сепак не застануваат тука. Оваа приказна се повторува и кај многу други богови од различни религии и митологии.

Ваше е да поверувате дали е така или не?