Како свингерска конвенција со 250 лица стана „настан со големо ширење“ на коронавирусот?

од Nikola Popovski
292 прегледи

Повеќе од 40 луѓе кои присуствувале на свингерска конврнција во Њу Орлеанс се позитивни на Ковид-19. Свингерската забавата била наречена „настан со големо ширење“ на коронавирусот од страна на локалните власти.

Според „Вашингтон пост“, околу 250 лица учествувале на настанот во хотел во Њу Орлеанс на 14 ноември. Нешто повеќе од две недели подоцна, 41 учесник развиле симптоми на коронавирус.

Ширењето на вирусот први го објавиле од порталот „Нола“ во вторникот, откако Боб Ханафорд, организаторот на годишниот собир на свингери, објавил пост на блогот, во кој се признаваат „организациски неуспеси“ што веројатно придонеле за ширење на инфекцијата.

„Ако можев да се вратам во времето, не би го организирал овој настан. Немаше да го повторам ако знаев тогаш што знам сега. Тешко ми е и ќе биде потешко сè додека сите не бидат оздравени“, напишал Ханафорд.

Тој додал дека иако повеќето случаи биле „асимптоматски или многу лесни“, негови добар пријател кој присуствувал на конгресот бил „хоспитализиран во тешка состојба“, но во меѓувреме бил пуштен од болница.

Портпаролката на градоначалникот на Њу Орлеанс, Ла Тоја Кантрел, изјавила за „Вашингтон пост“ дека настанот со свингери е „многу силен пример за тоа што може да се случи кога не ги следите упатствата за социјална дистанца“.

Собирот бил значително помал од минатогодишниот, на кој присуствувале 2.000 гости, а Ханафорд напишал дека организаторите се советувале со градските и државните власти пред настанот.

Тој додал дека повеќе од 50 проценти од присутните имале позитивен тест за антитела, а „многу други биле тестирани непосредно пред настанот“.

Присутните исто така добиле ракавици, при што едната боја означувала дали лицето има антитела, а другата дали неодамна добиле негативен тест. Ханафорд истакнал дека присутните морале или да направат негативен тест за коронавирусот или да докажат дека имаат антитела, под претпоставка дека оние што ги носат антителата „не се заразени“.

Тој напишал дека на учесниците им се издаваат и дневници со цел да ги следат сите со кои имале контакт за време на настанот.

Слични содржини