Како Вилијам и Кејт го прекршија строгото правило на кралскиот двор?

од Vladimir Zorba

За време на хуманитарниот поло натпревар во Виндзор, на кој учествуваше и принцот Вилијам, војводата и војвотката од Кембриџ ја изненадија публиката, но и фотографите кои ја искористија приликата и овековечија моменти на нежност, кои ретко ги покажуваат во јавноста.

Овој пат, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не се двоумеја нежно да се допрат и да разменат неколку бакнежи.

Го напуштија теренот гушкајќи се.

Среќата дополнително ја засили победата на тимот на Вилијам, како и собраните повеќе од милион долари кои ќе одат во различни добротворни здруженија.

Инаку, одамна е познато дека кралицата Елизабета Втора никогаш не се согласувала членовите на кралското семејство да разменуваат нежности во јавноста, но се чини дека идниот крал решил да воведе некои промени во монархијата.

Тие двајца неодамна донесоа одлука и се преселија од Лондон во Беркшир, се со цел да бидат поблиску до семејството, но и нивните деца да растат далеку од љубопитната јавност. Во исто време, на само неколку километри подалеку, во селото Баклбари живеат родителите на Кејт Мидлтон, а се шпекулира дека и нејзината сестра Пипа и нејзиното семејство бараат идеална куќа во околината.

Слични содржини