535
Ќерката на поп-sвездата Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Ника Тошиќ ги маѓепса сите како сирена во базен.
Ника уживаше во базенот сместен во дворот на семејната вила на Дедиње. Ќерката на Јелена позираше како сирена, што предизвика бројни воодушевувања.
Секако, опашката што ја имаат сирените не недостасуваше, па „опашката“ на Ника се наѕираше во водата, додека таа се насмевнуваше неодоливо.
„Прекрасна си!“, „Мамина мезимица“, „Слатко девојче и слатка сирена“, се дел од коментарите на фотографијата.