Како звучи кога Корејци ќе ја отпеат „Молитва“ на Марија Шерифовиќ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
377 прегледи

Секој петок навечер, музичкиот натпревар „Фантом Сингер“ се емитува во Јужна Кореја. Во последната епизода се слушнала „Молитва“ од Марија Шерифовиќ, која ја отпеал тамошниот популарен КПОП бенд „Еделреинкланг“.

Со оваа песна, Марија Шерифовиќ ја претставуваше Србија на Евровизија во 2007 година, со што го освои првото место.

Коментарите за нивната изведба на „Молитва“ главно дошле од Србија и повеќето биле за пофалба.

На нивниот настап реагирала и Марија Шерифовиќ на својот Инстаграм профил, каде ги пофалила момците од бендот и нивниот настап. Како што изјави, ова е најдобрата верзија на „Молитва“ што некогаш ја слушнала.

Слични содржини