Стотици Индонезијци на молитва на отворено по земјотресот

од Stefanija Kuzmanovska

Стотици Индонезијци се молеа денеска на улиците на Чианджур по земјотресот во кој загинаа речиси 300 луѓе.

Муслиманскиот свештеник Мухамед Џамхур ја предводеше заедничката молитва на отворено игралиште за одбојка на само 200 метри од џамија чии ѕидови беа испукани и прозорци скршени во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Чианджур на 21 ноември, на околу 75 километри јужно од главниот град Џакарта, објави „Ројтерс“.

„По катастрофата сè уште се плашиме, па моравме да се преселиме на теренот за одбојка. Ја замолив заедницата да биде внимателна бидејќи катастрофата може да се повтори“, рече Џамхур.

Стотици последователни потреси го погодија планинскиот регион, а обилните дождови и лизгањето на земјиштето ја забавија испораката на храна, вода и лекови до жителите.

Слични содржини