ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска повторно да ја вратиме Македонија на народот

од Nikola Popovski

За ВМРО-ДПМНЕ, 180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова пред Пендаровски е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, велат од партијата на Христијан Мицкоски. Според соопштението, „граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ“.

-7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците. Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ, Македонија повторно да ја врати на народот, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму најавуваат дека победата во вториот круг ќе биде уште поголема.

ДИК вчера ги објави прелиминарните резултати од претседателските избори, според кои Силјановска Давкова и Пендаровски ќе одат на вториот круг.

Според податоците, кандидатот на најголемата албанска партија ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, добил 121.088 гласови или 13,37 отсто, додека кандидатот на албанската опозиција, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари 83.393 гласа или 9,2 отсто.

Градоначалникот на општина Капрош во Скопје и лидерот на партијата Гром, Стевчо Јакимовски, добил 8.121 глас (0,9 отсто), кандидатот на Левица, Билјана Ванковска 41.331 глас (4,56 отсто), а градоначалникот на Куманово и лидерот на партијата „Знам“ Максим Димитриевски 83.856 гласови (9,26 отсто).

Во средата, на 25 април, македонските граѓани избраа меѓу седум кандидати во првиот круг од седмите претседателски избори. Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи заедно со парламентарните избори во среда на 8 мај.

Слични содржини