Исламот во Босна е сметан за умерен и со векови е дел од Европа. Во последните години, меѓутоа и таму се чувствува влијание од арапските земји и Турција. Дали тоа ќе се засилува? Тоа зависи од ЕУ- анализира DW.
“Мили Боже, помогни и дај сили на негово величество императорот Франц Јосиф Први и подари моќ неговата војска. Драги Боже, направи така што во неговото кралство да царува задоволство, сигурност и богатство.” Така гласи еден пасус од молитвата на босанскиот главен муфтија Џемалудин Чосевиќ. Таа е напишана пред повеќе од 100 години, по повод роденденот на австро-унгарскиот император и крал Франц Јосиф. Уште во 1882 Австро-Унгарија ја одземаат од рацете на отоманскиот султан организацијата на религиозниот живот на босанските муслимани. Оттогаш назначувањето на главен муфтија и совет на свештенството е директно под наредбата на австрискиот император, при што настанува единствена од ваков вид организација и хиерархија на исламската вера.
Голема веројатност Велика Британија да остане во ЕУ, според коефициентите на обложувалниците
Денес исламската верска заедница во Босна и Херцеговина и нејзините органи функционираат на принципот на секуларизмот и се автономни. “Автономијата на исламската заедница носи многу предности за самостојниот третман на верските прашања, но и многу одговорност”, вели босанскиот историчар и експерт за прашањата на исламот Амир Дурановиќ. За разлика од Босна и Херцеговина, во повеќето муслимански земји верските прашања се регулирани со државните институции, нагласува тој.
Пред и после Сараево
Светската јавност често ги опишува босанскиот ислам и Бошњаците како “умерени”. Причините за тоа се многу: Муслиманите во Босна и Херцеговина со векови живеат во христијанска средина. Со православните српски и католичките хрватски соседи тие го делат до голем степен нивниот јазик и култура. Особено во јавниот живот на социјалистичка Југославија религијата игра споредна улога – како за христијаните, така и за муслиманите. Босанците продолжуваат да се чувствуваат поврзани со исламското наследство, само што во 20 век се наметнува процесот на секуларизација, при кој исламот продолжува да се смета како најважниот стожер на културниот и националниот идентитет, но истовремено неговата улога во политичкиот и јавниот живот е минимализира. Во 1985 година само 15 отсто од муслиманите во тогашна Југославија се сметаат за верници.
По почетокот на војната во Босна во 1992 сепак се се менува. Во текот на три години босанските муслимани се главна цел на ситематско етничко чистење, прогон, масовно раселувани и е единствениот геноцид на европска територија по Втората светска војна. Центарот за истражување и документација со седиште во Сараево има веродостојни податоци за жртвите на војната во Босна. Според нив, процентот на жртвите меѓу муслиманското население во Босна и Херцеговина изнесува 80 отсто од вкупниот број на убиените меѓу цивилното население. За муслиманите војната очигледно ја засилува улогата на верата: денес над 90 отсто од муслиманите во Босна и Херцеговина се дефинираат како верници. Таков е и процентот кај православните Срби и хрватските католици. А сепак исламот во Босна и Херцеговина го задржува до голем степен европскиот отпечаток.
Арапите и Босна
На гостите од арапскиот свет муслиманите во Босна и Херцеговина сигурно би им се виделе чудни: малку од жените кои го исповедаат исламот носат муслиманска шамија, во џамиите нема строга поделба за молитвите на мажите и жените, прифатено е за поздрав мажите и жените да си подаваат рака.
Истовремено во медиумите се појавуваат се повеќе информации дека Босна и Херцеговина e стожерот на т.н.. “Исламска држава” (ИД). Всушност од 1990-те години (и откако т.н.. Муџахедини учествуваа во војната во Босна), влијанието на арапските земји и Турција расте. Саудиска Арабија и земјите крај Заливот ги финансираат изградбите на многу џамии и исламски училишта. Студенти и туристи од Турција и арапските земји се собираат во Босна и Херцеговина. Центрите за шопинг, изградени од големи арапски инвеститори станаа новите знаменитости на босанските градови.
Босна и Херцеговина e меѓу европските земји со најголем број борци на ИД на жител. Повеќето од овие самонаречени џихадисти доаѓаат од пусти краеви и салафистички населби кои во меѓувреме се под строго набљудување. Факт е дека во последните 20 години традиционалниот босански ислам има се поголема конкуренција во лицето на паралелни салафистки структури. Босанската исламска верска заедница, сепак почна да се бори поактивно против нив само неодамна. Според некои – премногу доцна.
Пример за Европа?
Јасно е дека големото мнозинство од муслиманите во Босна и Херцеговина ја отфрла идеологијата на салафитите. Иако со зголемена религиозност и траумите од војната, тие продолжуваат да се придржуваат кон европскиот стил на живот. Тоа се гледа особено во нивната интеграција, на пример во Германија и Австрија, кои меѓу Шведска и САД, се како и предходно меѓу фаворитите на босанските имигранти.
Дали во долгорочна перспектива арапското влијание во Босна и Херцеговина ќе продолжи да расте? Тоа зависи и од Европејците. Додека европските инвеститори го свртеа грбот на земјата, таа ќе мора да бара инвестиции од арапските земји, Турција и дури од Русија. Очигледно е дека во една од најсиромашните земји во Европа странските инвестиции се проводник и на политичко и религиозно влијание.
Муслиманите во Босна и Херцеговина го чуваат низ вековите културната идентитет. Тие имаат развиено верен талент за мирен соживот со други региони. Време е Европската унија да го признае тоа – и да користи Бошњаците и нивното искуство како важен конструктивен камен во европско-исламскиот дијалог.
