Тешко е да го најдеш совршениот секс партнер, но многу жени дури немаат ни идеја каков е тој. Тие едноставно ги бројат добрите и лошите страни на човекот со кого се во моментов и се разбира, секогаш наоѓаат по нешто да не им се допаѓа.
“Идејата за перфектниот сексуален партнер е различна кај секој поединец и тоа е сосема нормално. Сепак постојат некои слични карактеристики, кои влегуваат во критериумите на масата жени “, тврди клиничкиот психолог и експерт за врските д-р Кирти Мишра.
Еве и кои се тие:
1. Хигиена
Сите сакаме чист и уреден партнер на кого ќе му дозволиме да нè допира со прсти, јазик и … секој дел од нашето тело. Ова не го вклучува само тушот, туку и одржуваната фризура, отстранување на непријатни мириси, чисти нокти и се разбира отстранување на влакна/обликување на конкретни места од телото.
2. Орални вештини и желби за нивната примена
Мажите сакаат да добиваат орални задоволувања, но некои мразат да даваат такви. Претенциозните и мрзливи мажи кои пропуштаат предигра и не сакаат да ја истражуваат со јазик територијата меѓу нозете на партнерот, не добиваат пофалби од неа, а понекогаш дури и втора шанса да се изјаснат како љубовници.
3. Секси тело
Хемијата помеѓу две лица се чувствува уште при првиот поглед. Очите ги сакаат најубавите и одржувани нешта, па совршениот љубовник треба да заборави на пивскиот стомак и овенати задни делови и раце и да се погрижи за телото.
4. Авантуристи во кревет
Основен проблем во сексуалниот живот на паровите е здодевноста. Не се многу жените кои се доволно храбри отворено да зборуваат за она што го сакаат и оставаат на партнерот да ги изненади и заинтригира.
5. Делењето на фантазиите прави чуда
Некои мажи се добри во зборувањето „валкано”. Некои жени го сакаат тоа. Оние кои сепак се зацрвенуваат до ушите и го симнуваат погледот во земјата, всушност немаат против да ги слушнат нивните сексуални фантазии, под услов да ги обликуваат во соодветна форма. Веројатно и самите дами замислуваат слични сценарија, но немаат храброст да ги изговорат на глас, па ако ја преземат иницијативата нема да згрешат.