Српскиот претседател Александар Вучиќ и специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел изразиле задоволство од денешната средба на српската и американската делегација.

„Му благодарам на Ричард Гренел за неговата посветеност и добрата работа за целиот регион. И благодарам за прекрасниот подарок!“, напишал Вучиќ на Инстаграм на сликата со Гренел и подарокот.

Гренел денес потврди дека Трамп ќе ја посети Србија.

„Претседателот Трамп е навистина сериозен во врска со таа намера, но се уште немаме датуми“, рекол Гренел.

Претходно денес, по состанокот, српскиот претседател Вучиќ изјавил дека од 1881 година немале толку значајни договори со САД и дека ова е добар ден за Србија.

Слични содржини