Каков татко, таков син – игра фудбал, зборува четири јазици, а на Инстаграм го следам милион луѓе

На најпопуларната социјална мрежа на светот сега се придружи и деветгодишниот син на фудбалерската ѕвезда Кристијано Роналдо, а неговиот потег, во 24 часа, распамети скоро милион луѓе кои започнаа да го следат во истиот момент.

Неговото прво видео, а во кое на четири јазици – англиски, шпански, португалски и италијански – ги поздравува сите на социјалните мрежи, во помалку од 24 часа го виделе неверојатни 3,4 милиони луѓе ширум светот. Сепак, барем засега, деветгодишниот Кристијано Роналдо Јуниор, го следат нешто помалку од милион луѓе, а бројката се зголемува од час во час.

https://www.instagram.com/p/B89qnU5hpGA/

Откако им се обрати на своите обожаватели, Кристијано Роналдо Јуниор, објави уште две фотографии, една на која е со таткото, братот Маео и сестрата Ева Марија и Алана Мартина во када, а потоа и онаа на која позира со Георгина Родригез на Модната недела во Милано.

https://www.instagram.com/p/B89upz1BSaz/

Инаку, Роналдо својот најстар син често го води на социјални настани и многубројни доделувања на награди, а неговиот наследник и тоа во вистинска смисла на зборот, не ја крие гордоста.

https://www.instagram.com/p/B89vd-mhJ1A/

Кристијано Роналдо Јуниор веќе покажа дека физичкиот изглед го наследил од татко си и фудбалскиот талент, затоа може да се очекува дека исто како и татко му и тој ќе оствари неверојатни резултати.

Слични содржини