51
Времето денеска ќе биде сончево со променлива облачност, а во попладневните часови наместа со со повремен дожд и грмежи, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, додека максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусови. УВ=8.
Во Скопје времето ќе биде сончево и умерено облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 23, а максималната ќе достигне до 37 Целзиусови степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер.