Каква кампања ни претстои? Џигал: Ако по утрото се познава денот, ќе доминираат агресивни пораки, негативен ПР, внимателно одбрани „протекувања“ на компромитирачки снимки…

-Ќе биде многу тешко да се разграничи што е факт, а што измислица на ПР машинериите на партиите, смета Џигал

од Nikola Popovski
1 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во однос на предизборната кампања, иако неофицијлно е веќе почната, комуникологот Сеад Џигал смета дека може да се очекуваа масовно „информациско загадување“.

-Ако по утрото се познава денот, навистина може да се очекува бескрупулозна кампања во која ќе доминираат агресивни пораки, негативен ПР, внимателно одбрани „протекувања“ на компромитирачки снимки и слично, вели Џигал во разговор за „Локално“.

Според него, во отсуство на подобри регулаторни механизми и со медиумски систем кој е длабоко политизиран, ризикот од медиумски манипулации е висок.

-Ќе биде многу тешко да се разграничи што е факт, а што измислица на ПР машинериите на партиите, истакнува, меѓу другото, комуникологот.

Џигал: Потребата од „крвави лица“ и фотомонтажи е пример за визуелна и емоционална пропаганда со цел да создадат силни реакции кај публиката и да се засили партиската реторика