Каква ќе биде Сирија утре !? Чистките во Турција го слабеат трансатланското крило

од desk3
97 прегледи

Битката за Алепо отстранува дел од прашањата во крвавиот конфликт во Сирија. ИД изгледа дополнително ослабена. Сепак, никој уште не знае како ќе изгледа Сирија по неколку години, анализра ФАЦ.

0,,18794575_303,00

Сеуште не се гледа крајот на решавачката битка за Алепо. Во последните денови, сепак оваа, најголема битка во граѓанската војна во Сирија, дава јасност на две прашања. Од една страна тоа е пресвртница во овој конфликт, во кој еден воена исламистички унија се етаблира како страна во војната против режимот на Асад. Алијансата, настаната околу локалниот огранок на Ал Каеда во Сирија, бележи најголем успех во борбата против режимот и неговите сојузници. Тој заработува од фактот дека очајното цивилно население е доведено дотаму да ја прифаќа веќе секоја власт, со која ги поврзува надежите за враќање кон нормалноста.
Од друга страна битката за Алепо демонстрира јасно дека во случајот станува збор за еден конфликт на религиозна основа: елитните шиитски милиции од либанската “Хезболах” се борат против сунитските противници на режимот. Овие борци пристигнаа оддалеку за да не дозволат исламистичките бунтовници да ги опсадат западните области на Алепо, контролирани од единиците на Асад. Напредувањето на шиитските милиции стана можно откако претседателите на Русија и Турција се договорија за координирана акција. Така руската борбена авијација речиси прекина до бомбардирањето на цели во источните квартови на Алепо, што овозможи на поддржаниѕе од Турција бунтовници да земат здив.

Во исто време Русија има корист од чистки во Турција, бидејќи тие го слабеат трансатланското крило и ја зајакнуваат евроазиската фракција во турската армија. Водечки за евроазиските односи секогаш биле регионалните интереси, на пример борбата против Курдите, а не сојузот со далечна Америка. Во Северна Сирија сега ќе се види до каде може да стигне новата руско-турска соработка. Добрата вест од последните денови е дека Унијата од курдски и арапски борци ја истуркале “Исламска држава” (ИД) од нејзиниот бастион Манбиџ. Станува јасно дека курдските борци се најважните сојузници во борбата против ИД. И покрај притисокот на Анкара, сега може да се случи и Русија да ги поддржи сириските Курди – откако тоа го направија САД.

Битката за Алепо отстранува дел од прашалници. Но сеуште никој нема поим за тоа каква ќе биде Сирија утре.
Frankfurter Allgemeine Zeitung