Со Рим е поврзана голем дел од историјата на буквите. Во црквата Санта Марија Маџоре папата Адриан II ја осветува словенската азбука. Тука токму браќата Кирил и Методиј ги носат новите букви. Во оваа црква се случува и првата литургија не само на грчки и латински, но и на словенски јазик. Во Рим е и гробот на свети Кирил. Базиликата “Сан Клементе” во Рим е местото што се чуваат моштите на св. Константин-Кирил Философ. Во Рим завршува животот пат на еден од креаторите на словенската азбука. Но од Рим започнува и најдолгиот пат на буквите.
Кирил и Методиј одат во Рим, за да ги донесат моштите на св. Климент на папата Адријан II и да побараат благослов на папата за новата азбука на словенските народи.
Последната мисија на двајцата браќа е успешно извршена. Новите букви се осветени и благословени од папата Адријан II во базиликата “Санта Марија Маџоре”. За прв пат се служела и литургија на словенски јазик, кој е прогласен за еднаков со грчкиот и латинскиот, а нивните учениците продолжуваат.
Кирил почива во Рим и е погребан во базиликата” Св. Климент , каде се положени моштите на папата Климент – третиот папа во историјата на папите по Свети апостол Петар.
Подоцна над старата базилика е изградена нова, а за време на Наполеоновите војни, моштите на Светителот исчезнуваат.
Во 60-тите години на 20 век почнуваат ископувања под базиликата во потрага по гробот на светителот.
Истражувајќи архивите, монсињор Леонард Бојл прави големо историско откритие -ги наоѓа моштите на св. Кирил во капелата на стара италијанска фамилија. Мошти се погребани во новиот капела на црквата “Сан Клементе” со свечена церемонија.