Какви ќе бидат препораките за Судскиот совет: Судиите од ЕУ неделава ја завршуваат оценската мисија

од Nikola Popovski
278 прегледи

Оценската експертска мисија се состои од искусни судии кои што се на високи позиции од земјите на ЕУ, кои што го разгледуваат рaботењето на Судскиот совет, со цел да дадат препораки за подобрување на неговата професионаланост, независност и ефикасност, рече денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.

Како што истакна претставникот на ЕУ во земјава, мисијата ќе заврши неделава и судиите потоа ќе се вратат во Брисел и за своите наоди ќе дискутираат со Комисијата.

Не можам да ви кажам точен датум кога препораките ќе излезат во јавност, но сите ја разбираат потребата ваквите препораки да се дадат брзо, дополни Гир.

Оценската мисија почна од крајот на јули. Тимот експерти е предводен од Бранко Хрватин – поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска и го идентификува обемот на работата на експертскиот тим.

Ваквата најава беше позитивно оценета од премиерот Димитар Ковачевски, но и од самиот Судски совет, чија работа ќе биде во фокус на оценкската мисија.

Случувањата во Судскиот совет во последните месеци се тема на загриженост и од меѓународни и од домашни институции.

За помалку од пет месеци, две претседателки на Судскиот совет беа сменети, што предизвика сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија. И двете обвинија дека причина за нивната смена е политички интерес.

Слични содржини