акви костими за капење ви се допаѓаат кај мажите? Дали на плажа сакате да видите маж во куси шорцеви или пак преферерирате „спидо“? Или пак не ви битно се додека има добро тело? Кои од тие се навистина секси а кои селски-100 години машки костими за капење во 3 минути

Забавно видео на Mode.com во кое ќе видите од кога мажите почнале да одат топлес на плажа и да покажуваат стомачни. Еволуцијата на машките костими за капење можеби не е толку изразена како кај женските модели, но сепак постои. Додека женските костими за капење биле дизајнирани да ги изразат облините, машките модели не само што требало да ја покријат машкоста, туку биле изработувани од материјали како плетиво што станувале многу тешки кога ќе се навлажнат. Во 20-тите согласно етичките правила за пливање мажите морале да носат здолништа што им ја покриваат машкоста. Со пронаоѓањето на еластичните водоотпорни материјали во 30-тите тој проблем бил решен и во 1937 година мажите смееле да одат топлес на плажа или на базен. Во следните децении се работело на скратување на моделот и развеселување на дезенот, се до спидо купачите во 70-тите. Останатото погледнете го на видеото горе.
А ако тоа и не ви е толку забавн преминете директно на историја на женските костими за капење: