Какви жени преферираат мажите?

од Stefanija Kuzmanovska

Нема сомнение дека повеќето мажи преферираат нежни, љубезни и женствени жени. Можете да негирате колку што сакате, но факт е дека секој маж повеќе би сакал да се „смири“ со нежна жена отколку со силна алфа жена.

Така било уште од праисторијата и е впишано во ДНК на човечкиот вид, а е поврзано со размножувањето како цел на нашето постоење. Иако тој избор на повеќе женствени партнерки е програмиран во нивниот генетски код, сепак останува прашањето … Дали мажите ги привлекуваат понежните жени поради генетска предиспозиција да бидат „посилен пол“ или се чувствуваат загрозено ако жената е попаметна или помоќна од нив?

Сите научни истражувања на оваа тема дадоа слични резултати – прво, процентот на мажи кои би се согласиле на врска со жена за која сметаат дека е попаметна од нив е дури и помал од очекуваното, и второ, повеќето мажи изразија восхит кон алфа жените во теорија, меѓутоа, во контекст на романтична врска тие не биле заинтересирани.

Покрај тоа, повеќето мажи изјавија дека би биле со попаметна жена, но кога им беа покажани конкретни IQ, тие се предомислија. Друго истражување, кое се занимаваше со тоа како се чувствуваат мажите кога ќе ги надмудри жена, откри дека тоа не им влијае, ако не станува збор за нивниот партнер. Во тој случај, тоа е силен удар врз нивното чувство за машкост.

Со други зборови, паметните жени се навистина опасни за машкото его, поради што се обидуваат да избегнат каква било лична врска со нив. Меѓутоа, ако веќе сте наишле на такво машко однесување и се сметате себеси за алфа жена, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас. Напротив, вие сте фантастични и во никој случај не смеете да се менувате за да им угодувате на другите или да се согласувате на помалку од заслуженото.

Слични содржини