Какво ШОУ: Златан се круниса самиот себеси, повторна сензација на Инстаграм (ФОТО)

548 прегледи

Тој се врати во репрезентацијата и продолжи да се докажува.

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ по пет години се врати во репрезентацијата на Шведска, а веќе во првиот натпревар воодушеви со маестрална асистенција до Виктор Класон, кој го постигна победничкиот гол против Грузија.

Ибракадабра знае колку вреди, и често сака да го потенцира тоа, па кога се врати во националниот тим, рече „Бог се врати“, а сега се спореди со кралот.

На фотографијата со Класон Ибра, тој напиша „Карл XVII Гузаф“, а „З“ алудираше на неговото име.

„Се обидов да дадам се од себе да им помогнам на соиграчите, да си помогнам и да бидам ефикасен“, рече Златан на конференцијата по натпреварот.

Репрезентацијата на Шведска ќе гостува во Косово на следниот натпревар од квалификациите за СП, а три дена подоцна ќе игра пријателски натпревар против Естонија на домашен терен.

Слични содржини