Какво време да очекуваме до крајот на неделата?

од Берта Китинска
110 прегледи

Сончево време со умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава. Попладне во крајните јужни делови ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 17, а максималната од 24 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје слично време со минимална температура до 13 и максималната до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува слично време со постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд. Во петок кон крајот на денот и во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Слични содржини