Какво време нè очекува денеска?

од Nikola Popovski
213 прегледи

Времето денеска ќе биде променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег, а на некои пониски места краткотрајно врнежите од дожд ќе преминат во снег, детално информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус 3 до минус 10, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб ветер од променлив правец и услови за појава на краткотраен дожд. Температурата ќе се искачи до 3 степени Целзиусови.

Од вчера започна почесто да дува умерен до повремено засилен јужен ветер кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во најпрвин во постепен пораст, а дневните позначително ќе се покачат кон крајот на работната недела.