Времето наутро ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност, покажува временската прогноза на УХМР.
Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер.
Температурите ќе се движат од -4 до 11 целзиусови степени.
Во Скопје наутро студено со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност.
Температурите ќе стигнат до 6 целзиусови степени.
Најстуденото годишно време во годината зимата започнува денеска и ќе трае до 20 март. Зимата започнува на северната хемисфера на Земјата, додека летото ќе започне за жителите на јужната хемисфера.
Зимата ќе трае 88 дена. На денот на почетокот на зимата, денот е најкраток, а ноќта е најдолга.
Сонцето денеска изгреа во 7 часот и 12 минути, а ќе зајде во 15 часот и 59 минути.