Какво време не` очекува од понеделник?

од Берта Китинска
286 прегледи

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени. Маврово 27, Охрид и Берово 30, Битола и Крива Паланка 31, Кавадарци 33, Дојран 35.

Продолжува периодот на сончево и топло време со пораст на дневната температура. Под влијание на многу топла воздушна маса, утре и в понеделник ќе биде многу топло со натпросечни дневни температури, при што во најголем дел од земјава температурата ќе надмине 35 степени.

Слични содржини