Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. Попладне и кон крајот на денот претежно во северозападните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени, а максималната од 22 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 25 Целзиусови степени.
Од сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.