Какво време не очекува викендов?

од Берта Китинска
237 прегледи

Времето утре ќе биде претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено попладне и во вечерните часови.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16 степени, а дневната од 17 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

И в четврток ќе има локален дожд, претежно во западните делови, а ќе дува засилен северозападен ветер, кој ќе услови значително опаѓање на дневните температури.

Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен благ пораст.

Слични содржини