Калајџиев: Немаше основ да се разреши и суспендира Русковска оти против неа вистински нема постапка

од Nikola Popovski
412 прегледи

Се работи за сложена материја, за која треба правна култура, професионален однос и интегритет, кој не се гради преку ноќ за овие што зборуваат за судиите. Не можете вие со ниту една програма во рок од година и две да изградите интегритет кај судиите. Тој се гради од домашното воспитување преку школувањето, преку Правниот факултет, преку Академијата за судии. Искрено ќе ви кажам, имав еден испит на Академијата за судии и утврдив дека тие 15 души имале систем за препишување – сите состав им беа исти. Им дадов пониски оценки и ми вратија со пониска оценка за мене. Тие денеска се судии. Замислете ако тие нашле начин да лажат на обичен испит на Академијата, дали ќе имаат интегритет на судии, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

Според него, овие луѓе тој самиот не ги знае, а не јавноста.

-Чесно е да кажат дека ако го мислат ова што зборуваат, а не го мислат, да кажат :„Благодарам за довербата, сфатив дека не сум за оваа позиција, ништо не направив за да порасне ефикасноста и довербата во судството и ќе поднесам оставка за да дојде некој компетентен“. Судскиот и обвинителскиот совет замислени како некои тела кои што се судска самоуправа и ќе ја гарантираат нивната независност и ќе се борат за стандарди, тие први се донесени со политички влијанија. Не може да очекувате Судски совет кој го води стручен соработник да се наметне како авторитет во судството, а не па не дај боже, во државата, смета Калајџиев.

Тој додава дека обвинителот Јолевски поддржал политичко решение, „затоа што ако го поддржаа правото, бидејќи немаше основ да се разреши и суспендира обвинителката Русковска, бидејќи против неа вистински нема постапка, бидејќи вистински нема кривично дело“.

-Ја лажат јавноста дека таа е разрешена заради дисциплинската постапка, што не е точно. Првпат ја гледам претседателката на Врховниот суд. Што прави Врховен суд?, праша Калајџиев во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини