Калајџиев: Последната верзија на Законот за ЈО не ги отстрани контроверзите што ги зготвија партиите

од Берта Китинска
385 прегледи

Последната верзија на Законот за Јавно Обвинителство што е сега во процедура не ги отстрани контроверзите што ги зготвија партиите.

– Не можете во закон да употребувате општо прифатени погрешно правни поими и институции, ова го изјави Гордан Калајџиев професор на Правниот факултет на УКИМ, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

-Откако се појавија „бомбите“ за нив се збори како индиции, а не докази, а тоа е сосема погрешно во правната наука. Индициите се индирекни докази, па така во бомбите има индирекни докази или индиции таму каде што Груевски вели удрете му шамар, тоа е директен доказ дека тој наредил некој да добие шамари, вели Калајџиев

Во врска со случајот „Рекет“ професорот напомена дека очекува да се „размота клопчето“ бидејќи Боки 13 има влезено длабоко во политиката.

-За жал ние се уште немаме обвинителство, кое е независно. Јавниот обвинител го бира власта па со самото тоа тој игра според нивните услови. Еден од тие услови е да не се гони самата политичка елита, изјави Калајџиев.

Слични содржини