Калајџиев: Русковска ќе го наследи Јовески, само ако се смени власта

од Берта Китинска
282 прегледи

Случувањата во Обвинителство и во Финансиска полиција покажуваат дека има некој судир внатре во власта, вели професор Гордан Калајџиев во неделното интервју на РСЕ. Личи како обвинителките да се жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури, вели тој.

-Очигледно дека организираниот криминал има сериозни линкови со политичката елита и оттаму се можни вакви невообичаени комбинации и дури инволвирање на високи функционери од правосудството, во конкретниот случај наспроти Вилма Русковска, практично директорот на Финансиска полиција, една битна фигура во она што се вика „лојал формсент“.Повеќе загрижувачки во моментот мислам дека е тоа како државата реагира на имплементација на законите и борбата со криминалот и корупцијата, вели Калајџиев.

На прашањето дали на обвинителката и се уништени шансите да го замени Јовески, откако на двајцата ќе им завршат мандатите, пофесорот вели дека „шансите практично се минимални“.

-Да биде заменик на Јовески шансите практично се минимални, ако остане ова решение обвинителот да го предлага Владата. Шансите се можни само доколку се смени власта. Ова може да и донесе поени како борец против влијанија политички, ако успее добро да ги аргументира и ако ја поддржат. До сега гледаме дека нема поддршка, за жал, многу резервирано го следат и меѓународната заедница, и странските амбасади и ЕУ, зачудувачки, можеби бараат повеќе информации. За мене оваа состојба е алармантна во смисла дека се распаѓа правниот систем, вели тој.

Слични содржини