Калајџиев: Ова со сертификатот на директорот на АНБ е одговор на прашањето кога Македонија ќе стане правна држава наместо удбашка

од Nikola Popovski
500 прегледи

Професорот по кривично право на Правниот факултат на УКИМ, Гордан Калајџиев излезе со свој коментар откако Обвинителството ја отфрли пријавата против директорот на АНБ, Бојан Христовски околу неговиот сертификат за англиски јазик од Бугарија.

„Ме фати срам што живеам во држава што граѓаните ги лаже во очи. Ова со сертификатот на директорот на АНБ е одговор на прашањето кога Македонија ќе стане правна држава наместо удбашка: НИКОГАШ!!!“, стои во објавата на Калајџиев, додавајќи дека треба на увид да биде доставен и одговорот за сертификатот на АНБ од Бугарија.

„Со кое лице ова Обвинителство утре ќе обвини некого?“, прашува професорот во својата објава.

По неколкумесечни проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли анонимните пријави против директорот на АНБ за фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина. Станува збор за две анонимни кривични пријави коишто беа поднесени против против шефот на тајната служба за употреба на исправа со невистинита содржина, поради поседување и користење на лажен ТОЕФЛ-сертификат за познавање на англиски јазик, добиен од наводно непостоечки испитен центар во Пловдив, Бугарија.

„Проверките на бугарското Министерство за внатрешни работи покажале дека сопственичката подолг период се наоѓа надвор од границите на Бугарија. Од тие причини барањето за меѓународна правна помош од страна на бугарските надлежни органи не е во целост извршено и е вратено назад до македонското обвинителство, со прилог прибавена документација“, соопштија од Јавното обвинителство.

Aко се чита внимателно соопштението на Обвинителството, при аплицирањето за директор на Јавното претпријатие „Градски паркинг – Скопје“, за асистент на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) како доказ за познавање на англискиот јазик Христовски приложувал два документи. Еден е сертификат, од училиште за странски јазици Julia Co. LTD од 23 март 2022 година за курс за подготовка за испитот ТОЕФЛ и друг за положен испит ТОЕФЛ ИБТ (TOEFL IBT) од 26 март 2022 година со освоени 75 поени.

Полагањето Христовски го извршил од дома преку преку ETS – Сервисот за едукација и тестирање и тој, а сертификатот ТОЕФЛ ИБТ со датум од 26 март 2022 како што наведуваат од Обвинителството, по форма и по содржина се разликува од сертификатите коишто биле доставени во прилог на кривичната пријава против Христовски, а во кои стои дека се издадени од правниот субјект Language School Julia CO.LTD.

Слични содржини