Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев изрази скептицизам во однос на досегашните истраги, истакнувајќи неколку клучни проблеми. Според него, премиерот се меша директно во процесот и ја користи истрагата за политички поени, што фрла сомнеж врз нејзината објективност.
„Јас не сум толку оптимист(ка) за досегашните истраги како некои други (редовно го следам Туфегиќ), главно поради пет причини: Премиерот лично се меша и ја користи истрагата за политички поени, особено за да избегне лична морална одговорност. Рано е да се заклучи дали истрагата е спроведена професионално. МВР и ЈО не постапуваат координирано (МВР „скока како прле пред магаре“), иако ЗКП јасно предвидува дека за кривични настани пресовите треба да ги води ЈО“ пишува универзитескиот професор.
Тој исто така ја критикуваше селективноста во апсењата, кои според него се насочени главно кон поранешни функционери, како и притворите што, според него, се изрекуваат под притисок на јавноста, наместо врз основа на правни аргументи.
„Селективност во сомничењата со апсење на претходните функционери. Притвори под притисок на јавноста, а не од легални причини, и тоа пред медиуми, со лисици и слично, што ветуваа дека нема да го прават“ додаде професорот.
Калајџиев повика на поголема независност на институциите и професионален пристап во водењето на истрагите.