Калајџиев: Владата сосема погрешно отвори војна со судиите и обвинителите наместо да им помогне

„Очигледно дека борбата на извршната власт со корупцијата и споменатите судири со судската власт се низ партиска призма „наши-нивни“, смета проф. Калајџиев

од Nikola Popovski
15 прегледи Гордан Калајџиев

„Дека работите во борбата со криминалот и корупцијата не одат на добро знаат сите. Дека Владата сосема погрешно отвори војна со судиите и обвинителите наместо да им помогне е јасно за секој што барем малку се разбира во правна држава, констатира универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев за Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија кон европското семејство.

Покрај тоа, додава Калајџиев во изјава за „Локално“, очигледно е дека борбата на извршната власт со корупцијата и споменатите судири со судската власт се низ партиска призма „наши-нивни“.

Секоја година е поалармантно со корупцијата и судството, но ништо не се презема: Извештајот на ЕК – „магарешка клупа за Владата“