Калајџиев за првите денови од мандатот на Савески: Време е некој да се соочи со мафиите или нема да не биде

-Подеднакво е важно на самиот старт јасно да покаже дека нема да прима политички нарачки. Од него се очекува да стави крај на политички монтираните процеси кои ни станаа секојдневие, вели професорот

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Рано е да му судиме на новиот државен обвинител“, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев за првите денови од новата функција на државниот јавен обвинител, Ненад Савески и направените потези. Како што вели, кадровските решенија не се само негов избор, но за него токму кадровското екипирање и правењето на некаков тим што ќе му помага е важна работа.

-Подеднакво е важно на самиот старт јасно да покаже дека нема да прима политички нарачки. Од него се очекува да стави крај на политички монтираните процеси кои ни станаа секојдневие, вели Калајџиев во изјава за „Локално“.

Професорот воопшто не се сомнева дека политиката ќе проба да го инструментализира обвинителот.

„Едно знам, системот се распаѓа и немаме повеќе време за игранки. Време е некој да се соочи со мафиите или нема да не биде. Со штитот или на него“, потенцира Калајџиев.

„Системот се распаѓа и немаме повеќе време за игранки“: Ако по утрото се познава денот, дали правосудството се ослободува или редизајнира?

Слични содржини