Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Украина и Русија се многу позитивни, нагласувајќи дека неговите ставови се поддржани и од европските лидери.
„Ние сме многу позитивни по ова прашање, бидејќи тоа се правилни работи. Да, треба да престанеме да купуваме руска енергија. Да, Украина треба да ја добие војната и сите други изјави што ги даде денес во врска со Украина и Русија“, рече Калас во Њујорк, објави Ројтерс.
Таа додаде дека изјавите на Трамп се „многу силни“ и дека претходно не биле слушнати во такви формати, нагласувајќи колку е важно европските и американските позиции сега да се усогласат.