Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас денеска од Скопје уште еднаш потврди дека Брисел сака Македонија да се придвижи по европскиот пат и знаеме дека има пречки на него и тоа го дискутиравме денес, за да можеме да изнајдеме механизми за надминување на пречките.
-Премиерот може подобро да ги објасни неговите идеи. Сметам дека има простор каде што можеме да направиме нешто. Не би навлегувала во детали. Доколку се придвижиме, ќе го објавиме пред медиумите, рече Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.
Европската претставничка вели дека фокусот е на планот А и тој треба дса профункционира. Кога се префрлувате на план Б, планот А излегува од игра, констастира Калас.
-Работиме кон тоа, доколку не, тогаш ќе поминеме кон следната фаза, истакна високата претставничка на ЕУ.