Одлуката на израелските власти да го спроведат планот Е1 за доселеничките населби дополнително го подрива решението за две држави, а е кршење на меѓународното право, порача еврокомесарката за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.
Таа предупреди дека ако дојде до целосна реализација на планот Е1, градењето израелски населби трајно ќе ја раскине географската и територијалната слеаност на окупираниот Источен Ерусалим и Западниот Брег и ќе ја прекине врската помеѓу северниот и јужниот дел на Западниот Брег, кој е втората „палестинска“ територија на подрачјето на Израел.
„ЕУ го повторува својот повик до Израел да ја сопре изградбата на населби. Политика на Израел за населбите – вклучувајќи рушења, присилни преселби, иселувања и конфискација на домови – мора да запре. Заедно со тековното насилство од страна на доселениците и воените операции, овие еднострани одлуки дополнително ја распламтуваат веќе тензичкната ситуација на терен и дополнително ги уриваат сите можности за мир“, порача Калас.